Ирачката армија го презема Тикрит, џихадистите бегаат
Шиитските милиции и ирачката армија влегле денес во градот Тикрит, кој е една од најголемите бази на Исламската држава во Ирак.
Според извешатјот на АП, ирачките сили нападнале со оклопни возила од земјата и од воздух со хеликоптер а од градот допираат експлозии, огнено оружје и чад.
Ирачките власти, соопштија во текот на денот на државната телевизија дека екстремистите киднапирале автомобили од цивилите и бегаат од градот, додека армијата успеала да воспостави линија на снабдување и да ја зајакне офанзивата.
За сега нема информации за потенцијалните жртви од борбите, а ирачките сили минатата ноќ го окупираа градот Алам, и се очекува наскоро да започне офанзива во Мосул, во вториот по големина град во Ирак.
Припадниците на исламската држава контролираат околу една четвртина од територијата на Ирак, а околу половина од територијата на Сирија, како и дел на Либија, или вкупната површина на територијата еднаква на Велика Британија.
Постигнат е напредок по една недела на тешки борби за враќање на Тикрит, град во т.н. “сунитски триаголник“, кој има стратешка, но, исто така, емоционално значење во спречувањето на напредокот на борците на исламска држава во Багдад, кој почна во јуни минатата година.
Офанзивата во Тикрит е најголемата операција на про-владините сили, во кои е вклучена комбинирана воена сила на повеќе од 30.000 мажи.
Ако операцијата успее, пишува Њујорк тајмс, тоа ќе биде значаен чекор во маршот на ирачките сили на север, кон Мосул, во вториот по големина град во Ирак, кој е во рацете на исламската држава.
