Инженери на “Фолскваген” го ставиле лажниот софтвер
Неколку инженери кои работат во германскиот автомобилски гигант Фолксваген, признале дека се одговорни за инсталирање на софтвер, кој манипулира со податоците од тестовите за штетни гасови на дизел автомобили на концернот пренесува германски "Билд".
Службите, кои ја водат внатрешната истрага на скандалот, веќе ги добиле првите признанија. Неколку инженери заеднички признаеле дека имаат ја инсталирано програмата во 2008 година, наведува весникот.
Компанијата призна пред две недели дека се опремени 11 милиони автомобили со таква програма и овие откритија предизвикаа вистински земјотрес во светски размери и ја чинеа претседателската функција на Мартин Винтеркорн.
Фолксваген вети дека ќе го расчистат случајот. Концернот ја препиша одговорноста за скандалот на мала група луѓе и разреши некои функционери. Според печатот 12 лица се вмешани, меѓу кои шефот на научно-истражувачките активности на филијали на Ауди.
Засега не е јасно кои се нарачателите на инсталацијата на програмата, која манипулира со податоци.
Во следните недели Фолксваген би требало да повлече милиони автомобили и лесни комерцијални возила, за да ги усогласат со стандардите.
Истовремено статистичка и компјутерска анализа на американската агенција Асошиејтед прес покажува дека како резултат на тоа, 7Фолксваген користел софтвер за манипулација со податоците од тестовите, загадувањето е поголемо од дозволеното и тоа било причина за смртта на помеѓу 16 и 94 лица во САД за седум години. Во изготвувањето на анализата беа вклучени десет експерти за штетните емисии, инженери и здравствени експерти.
