Инвеститорите во деловен простор се вртат кон Германија
Германија е водечка дестинација за инвестиции во комерцијални недвижности во Европа , покажуваат податоците на консултантската компанија Savills . Во првите 9 месеци од годинава земјата привлекла 38% од инвестициите во комерцијални недвижности во цела Европа .
Другите водечки пазари се Велика Британија , Франција , Норвешка и Шведска . Истовремено инвеститорите се насочуваат кон секундарни пазари од кои најпривлечни се Романија , Полска , Унгарија и Чешка.
Со обновата на економијата во еврозоната се очекува и посериозен раст на довербата на потрошувачите , се наведува во извештајот на компанијата. Најпозитивно се поставени корисниците од јадрото на еврозоната , додека во периферните земји расположението сеуште е слабо.
Се очекува Германија и Франција да бидат главните мотори на обновата , додека во Италија и Шпанија економијата најверојатно ќе продолжи да паѓа, иако со значително побавно темпо.
Слично
