Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвеститори во Microsoft сакаат да го исфрлат Бил Гејтс од игра

Инвеститори во Microsoft сакаат да го исфрлат Бил Гејтс од игра
Тројца од 20-те највлијателни инвеститори сакаат Бил Гејтс да се откаже од функцијата претседател на Одборот на директори во Microsoft, компанија која тој ја основа пред 38 години, соопштува „Ројтерс“. Според инвеститорите, Гејтс попречува во „Microsoft“ да се прифатат нови стратегии за развој. Освен тоа, неговото заминување ќе му даде на новиот извршен директор повеќе можности за остварување на промените. Инвеститорите сметаат уште дека ингеренциите на Гејтс, кој поседува 4.5 проценти од акциите на „Microsoft“ и е најголемиот приватен акционер, не одговараат на неговиот удел од компанијата. Акционерите – бунтовници поседуваат пет проценти од акциите на „Microsoft“, според изворот на Ројтерс, кој одби да ги соопшти нивните имиња.
Слично

Поврзани вести