ИНВЕСТИЦИЈА ОД 350 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Во САД ќе никне третиот „Legoland“ парк
Третиот „Legoland Theme Park“ во Северна Америка, посветен на популарните играчки за деца, ќе биде изграден во Њујорк со инвестиција од 350 милиони долари на британската „Merlin Entertainments“, објави компанијата .
Паркот, посветен на една од омилените играчки, ќе биде изграден во Гошен, округот Оринџ, околу 100 километри северозападно од Њујорк, на површина со 23 милиони луѓе.
Merlin која управува атракции како музејот за восочни фигури Мадам Тисо во Лондон, вели дека се планира новиот Legoland да започне во 2020 година и ќе биде отворен за посети од април до ноември.
Тој ќе биде изграден заедно со хотел Legoland со 250 соби, кој ќе биде отворен во текот на целата година и ќе биде украсен со стотици модели Lego направени од градежните блокови.
Паркот, кој ќе се придружи на останатите слични во Калифорнија и Флорида, се очекува да создаде над 1.000 работни места, како и 800 позиции за време на изградбата.
„Legoland New York е првиот нов голем тематски парк во северозападен САД од неколку децении и е лоциран на совршено место за посетители од Њујорк, Бостон и Филаделфија и други места“, рече главниот извршен директор Ник Варни.
„Со 350 милиони долари ова е најголемата инвестиција во еден парк досега и нашиот трет Legoland Park во Северна Америка - најголемиот пазар на тематски паркови и брендот Lego“, додава тој.
Фото: ројтерс