Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвазијата на светските сили во Ирак, ги создаде ИСИС

Инвазијата на светските сили во Ирак, ги создаде ИСИС

Експремиерот на Велика Британија, Тони Блер изјави дека му е жал за „грешките направени во инвазијата во Ирак во 2003 година" и признава дека токму тоа е една од причините за појава на терористичката ИСИС.

“Можам да ви го пренесам моето извинување поради погрешните информации што ги добивме од тајните служби. Се извинувам поради некои грешки направени во планирањето и нашите грешки во анализата на тоа што ќе се случи кога режимот ќе падне”, рече Блер.

САД и Велика Британија здружено влегоа во Ирак во 2003 година и го симнаа Садам Хусеин од власта. Овој потег беше оправдуван со тврдења дека Ирак има тајна програма за произведување оружје за масовно уништување. Тврдењето подоцна се покажа како неточно и затоа Блер се извинува.

Од друга страна пак, тој не се извинува за отстранувањето на Садам Хусеин:

“И денес во 2015 година сметам дека е подобро што тој повеќе не е тука”- вели експремиерот.

Слично

Поврзани вести