Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвазија на богати Кинези на Менхетен

Инвазија на богати Кинези на Менхетен
Кинески државјани за првпат се најчести купувачи на станови во срцето на Њујорк, Менхетен. Од првата позиција тие ги истиснаа Русите, покажуваат податоците посредниците во трговијата со недвижнини. Руските богаташи го намалија обемот на купување на станови на Менхетен од почетокот на украинската криза и воведувањето на американските санкции за Русија. Од друга страна, богатите Кинези ги трошат парите на недвижнини во Њујорк и во некои други светски метрополи, вклучувајќи ги и британски Лондон и австралиски Сиднеј, бидејќи бараат посигурни места каде што ќе ја вложат својата готовина и ќе им овозможат образование на своите деца на престижните западни образовни институции. Доминацијата на кинеските инвеститори се гледа и по бројот на купени станови и по нивната вредност, оцениле петте најголеми брокери на недвижности во Њујорк.  
Слично

Поврзани вести