ИНЦИДЕНТ: Сириски војници загинале по бомбардирањето на меѓународната коалиција!
Најмалку четири сириски војници загинале, додека 13 се повредени во ваздушните напади на коалицијата на чело со САД над сириската воена база на западот на земјата, соопштила денеска Сириската опсерваторија за човекови права.
Во соопштението на органцизацијата со седиште во Лондон се наведува дека во воздушните напади на „меѓународната коалиција“ погоден е воениот камп во западната сириска провинција Деир Езор, одалечена околу два километри од територијата контролирана од „Исламска држава“, пренесуваат агенциите.
Опсерваторијата истакнала дека тоа е прв пат да бомбардирањето на коалицијата на чело со САД, која повеќе година дена извршува удари на позициите над ИСИС во Ирак и Сирија, загинале припадници на сириската војска.
