Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ на доделувањето на Нобеловата награда за мир

ИНЦИДЕНТ на доделувањето на Нобеловата награда за мир
Младата Пакистанка Малала Јусуфзаи и индискиот активист Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир на церемонија во Осло. Јусуфзаи ја доби наградата заради нејзиното залагање за образование на пакистанските девојчиња. Таа беше дури и ранета затоа што не сакаше да го напушти училиштето, а радикални пакистански групи ја обвинија дека е марионета на Западот и оти ги урива начелата на конзервативниот ислам. Сатјарти, пак, е познат активист за правата на децата и се смета заслужен за спасување на околу 80.000 деца од ропство. Но, свеченоста не помина без инцидент. Норвешката полиција уапси демонстрант кој истршал пред двајцата добитници носејќи мексиканско знаме. Неговиот идентитет и мотивите зошто се решил на ваков чекор не се познати, а полицијата го истражува случајот.
Слично

Поврзани вести