ИНТЕРВЈУ Гончарук: А што, зар во Македонија се случува револуција?
Терминот „Украинско сценарио“ e измислица на Путин, за да ја заштити својата агресија врз Украина, вели во интервју за Фактор амбсадорот на Украина Јуриј Гончарук. Не сака да прави споредби на она што се случува во Македонија и Украина, но вели дека потребата од посредници покажува дека во Македонија е дојдено до безизлез на политичката сцена.
разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Дали и колку моменталната политичка ситуација поттикна сериозни прашања како за македонските граѓани, така и за меѓународните пријатели и партнери на земјата?
Гончарук: Не би правел исклучок за Република Македонија, бидејќи било каква „нестандардна“ политичка ситуација, а имено во таква ситуација се наоѓа денес земјата, не е добро за развојот на државата и секогаш предизвикува сериозни прашања кај општеството, партнерите и пријателите на земјата.
Фактор: Вие сте подолг период во Македонија. На каков начин би можела да се реши кризата, со посредништво на САД и ЕУ, или со меѓусебен дијалог меѓу домашните политички чинители?
Гончарук: Должината на престојот во принцип не игра улога, иако тоа дава разбирање на внатрешните процеси. Најдобар начин за решавање – тоа е внатрешниот дијалог кој предвидува меѓусебна одговорност. Појавата на посредниците значи дека ситуацијата дојде до безизлез, а за посредништвото секогаш треба да се плати со нови обврски.
Фактор: Може ли да се говори за украинско сценарио во Македонија ако се има во предвид дека регионалната криза е постара од настаните на плоштадот Мајдан во Киев. Зошто вашата земја стана синоним за конфликтност и тензичност?
Гончарук: Што всушност се има на ум? Општествениот конфликт, што заврши со бегството на Виктор Јанукович? Или сценариото што го лансираше Русија со окупацијата на Крим и со отпочнување на војната во Донбас, и за заштита на својата агресија ја измисли „граѓанската војна“ во Украина под назив „Украинско сценарио“?
Пред тоа беше Портокаловата револуциа која беше одговор на фалсификувањето на вториот круг на претседателските избори во корист на Виктор Јанукович. Во 2004 година тој го повика тогашниот претседател Кучма со сила да ги растера мирните протести, кој одби тоа да го стори. Во 2013 година тој таа сила сам ја примени. Светот ги виде последиците.
Молам обратете внимание на тоа дека во двата случаја катализатор на револуционерните настани беше Јанукович. Зад него секогаш стоеше Владимир . Путин.
Фактор: Аболицијата ги закочи преговорите помеѓу политичките актери. Револтот од одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов не стивнува, протестите станаа секојдневие. Дали Шарената, наликува на Портокаловата револуција во Украина од 2004 година?
Гончарук: А што, зар во Македонија се случува револуција ?
Фактор: Тешко оди приклучувањето на Украина кон евроатланските структури. НАТО е присутен во Украина, но Украина не е дел од Алијансата. Зошто Европа се уште има резерви дали да ја прими змејата во големото европско семејство?
Гончарук: Што е важно членството во организацијата или потполната компатибилност со неа? Дали е подготвена Украина да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО? Во моментов – не. Само по постигнување на сите неопходни критериуми за тоа прашањето за влез ќе се покрене на соодветен начин. Токму за тоа е заинтересирано украинското општество – да изгради современа европска држава. Понатаму тоа ќе биде проблем на Европа.
Фактор: По падот на премиерот Арсениј Јацењук и неефикасноста на украинскиот Парламент дали јакне улогата на претседателот Порошенко и Украина оди во правец на некој нов облик на руски „путинизам”?
Гончарук: Се чини „Портокаловата револуција’“ и „Револцијата на достоинството“ докажаа дека „путинизмот“ или уште некој „изум“ во Украина се невозможни.
Фактор: Какви беа последиците од санкциите врз Русија и Украина?
Гончарук: Санкциите се применети само против Русија. За санкциите во врска со Украина јас ништо не знам. Таквото толкување на ситуацијата со санкциите не е ништо друго, туку обид да се стави до агресорот и жртвата на агресијата. Тоа е неприфатливо.
Фактор: По отцепувањето на Крим, како се гарантирани и се применуваат етничките права на руската заедница во Украина?
Гончарук: Вие прашувате за правата и гаранциите на руската заедница така како да во Украина постојат структурирани етнички заедници. Но, за да го задоволам интересот, извествувам дека никакво угнетување рускојазичното население нема. Линијата на политичката поделба во Украина поминува не преку јазикот и етничкото потекло, туку поради односот кон независноста на Украинската држава.
Во меѓувреме, на окупираниот Крим староседелците – кримските татари 72 години по сталинската депортација одново станаа објект на жестоки прогони сега од страна на руската окупаторск власт и нејзините локални потчинети: киднапирани се 21 лице, три од нив се нјдени мртви, против кримскитех татари покренати се над 130 кривични предмети.
Окупаторите го забранија Меџлисот – високиот овластен претставнички орган на кримско-татарскиот народ, чиј дел од раководството е во затвор. Десетици кримски татари се сега зад решетки. При што окупаторите ги затвораат луѓето смо затоа што тие зборуваат на мајчин јазик. Илјадници од нив, како и пред седумдесет и две години, се приморани да го напуштат родниот Крим. Окупаторите заплашуваат, киднапираат, спроведуваат пребарувања, испрашуваат во ФСБ, ја попречуваат работата на слободните медиуми, забрануваат мирни акции, затвораат влез на Крим на националните лидери.
Фактор: Дали изградбата на нафтоводот ТАП од Азербеџан до Италија ќе ја намали стратегиската улога на Украина во снабдувањето на Европа со гас?
Гончарук: Изградбата на гасоводот ТАП – тоа е обид на диверзификација на изворите на гас, бидејќи како такви е тешко да се наречат руските проекти «Јужен поток», Турски поток или Северен поток-2, кои имаа за цел да го елиминираат транспортниот систем на гас на Украина како на стратешки транзитер на рускиот гас. Според тоа, изградбата на ТАП, како тоа не е парадоксално, само ќе го засили значењето на украинската транзитна маршрута за Русија.
Патем, препумпувањето на рускиот гас од украинскиот гасотранспортен систем ГТС за првите четири месеци на 2016 год. порасна за 38,3% во споредба со аналогниот период од минатата година.
Фактор: Колку штета Украина претрпе од воено-политичката криза и колку средства се потребни за реобнова на економските капацитети, градските и селските населби?
Гончарук: Дозволете да бидеме точни. Навистина не е воено-политичка криза во Украина, туку спротиставување на руската агресија. За да се разберат нејзините размери ќе наведам некои бројки.
Така, според портпаролот на штабот на Антитеростичката операција А. Миронович, со состојба на 19 мај, на времено окупираните територии на Доњецката и на Луганската област имаше 6,5 илјади воени лица на Вооружените Сили на РФ. Вооружувањето на оваа група на ВС на РФ може да има повеќе од 200 единици тенкови, над 400 оклопни борбени возила (БТР, БМП), речиси 150 единици на артилериски системи, околу 100 единици реактивни системи со плотунски оган (РСЗВ) и речиси 70 единици на средства за противвоздушна одбрана (ППО).На окупираната територија руските војници ги формираа 1-от и 2-от армиски корпус од локалните жители и руските платеници. Во двата корпуси се исто така присутни руските војници,но сепак тие не се претставени таму со одделни единици, туку повеќе ги извршуваат функциите на управувањето и контролата на раководечките места.
Бројноста на персоналот - 32 588 воени лица. Според податоците на разузнавањето, во вооружувањето на "војските" на "ЛНР/ДНР" има околу 460 единици на тенкви, над 800 оклопни борбени возила (БТР, БМП), 550 единици артилериски системи од различен калибар, околу 200 единици реактивни системи со плотунски оган, а исто така до 410 единици на средства за ПВО и 370 единици противтенковски средства. Нанесените со руската агресија загуби на украинската економија се колосални. Ние веќе сме изгубиле 20 % од економскиот потенцијал, за чие обновување ќе треба многу години. Страшни се хуманитарните последици на оваа агресија, кои изнесуваат над 10 илјади мртви Украинци, повеќе од 20 илјади ранети, и околу 1,8 милиони внтрешно разселени лица.
Слично
