Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интерпол предупредува за бомбаши самоубијци - каде ќе нападнат?

Интерпол предупредува за бомбаши самоубијци - каде ќе нападнат?

Можно е Европа да се соочи од серија нови напади. 

Вкупно 173 бомбаши самоубијци на организацијата „Исламска држава“ се подготвуваат да извршат напади во Европа.

Меѓународната организација „Интерпол” направи листа со 173-ца бомбаши-самоубијци од „Исламска држава”, кои се подготвуваат да извршат напади во повеќе земји. Ова го пренесе денеска британскиот весник „Гардијан”, каде е објавен документот.

Интерпол листата ја имал уште на 27 мај и вклучува  лица за кои се смета дека “биле обучени да креираат и управуваат рачно изработени бомби за нанесување на сериозни повреди и смрт”. Постои веројатност  дека засегнатите луѓе се во состојба и да учествуваат во терористички активности во странство. Треба да се напомене дека податоците првично се собрани со помош на американското разузнавање “преку сигурен канал” за време на операции во Сирија и Ирак. Подоцна тие биле префрлени на Федерално биро за истраги (ФБИ), а потоа и на „Интерпол” за посеопфатена акција на интернационално ниво.

Дека повеќе од 90 бомбаши самоубијци се подготвуваат да извршат напади во најголемите градови во Европа, пишувало и во интерен извештај на француската полиција, информација која лани ја објавија медиумите. 

Слично

Поврзани вести