Интернет продажбата во подем
Продажбата на иБеј во текот на последните три месеци во 2012 година порасна за 18 отсто на 3,9 милијарди долари, благодарение најмногу на можноста за купување преку интернет. Како што пренесува БиБиСи, ваквите податоци ги надминаа сите очекувања на аналитичарите, посебно што онлајн купувањето покажа силен тренд во текот на периодот на Божик.
Според изјавите од оваа компанија, Пеј Пал генерира најголем раст. Во последниот квартал, приходот од плаќањето на услугите изнесувал 1,54 милијарди долари, што е за 24 отсто повеќе од лани.
Слично
