Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интернет пазарот во рацете на Кина

Интернет пазарот во рацете на Кина
Оваа година најголем интернет пазар по потрошувачка во светот ќе има Кина која и во оваа област ќе ги симне САД од лидерската позиција, предвидува консултантската компанија Bain & Company, пренесува Reuters. Трошоците за онлајн шопинг се очекува да сочинуваат 50% од сите трошоци за трговијата на мало во рамките на  оваа деценија. Промената во потрошувачките навики доаѓа во момент, кога половина од населението на Кина има пристап до Интернет, а 80% од нив поседуваат паметни телефони или таблети, забележува Reuters. Кинескиот интернет пазар предвидува просечен раст од 71% во периодот од 2009 – 2012 година наспроти 13% во САД. Се очекува тој да се зголеми до 539 милијарди долари до 2015 година. Вкупните трошоци на кинеските потрошувачи за онлајн купување достигнаа 212.4 милијарди долари во 2012 при 228.7 милијарди долари во САД, се истакнува во извештајот на консултантската компанија.  
Слично

Поврзани вести