Интернет компаниите во ЕУ добиваат значителна финансиска поддршка
Европските компании кои покренуваат нов бизнис можат да остварат право на европска помош со вкупна вредност од 80 милиони евра ако користат отворена интернет платформа за веб услуги.
Европската комисија го објави буџетот кој ќе им биде достапен на малите интернет компании и претприемачи кои користат FIWARE технологија. Се очекува помошта да ја искористат повеќе од 1.000 европски компании и развивачи на апликации, а поединечниот износ на поддршката е до 150.000 евра.
Бизнисмените за возврат нема да мора да отстапуваат удел во својата компанија „Многу апликации веќе се креирани преку FIWARE технологијата, од апликации за рано предупредување за земјотреси до спречување на фрлањето на храна и апликациите како Смартакси“, вели еврокомесарката за дигитален развој Нели Крос.
Технологијата може да се користи за побрз и подобар развој на интернет услугите, вели таа.
Слично
