Интел регистрира пад на профитот од 29%
Корпорацијата Интел регистрирала пад на профитот во вториот квартал од 29% споредено со истиот период лани, додека приходите се намалиле за 5%.
Cо ваква оценка излезе Би-Би-Си откако компанијата денеска го објави приходот од вториот квартал кој изнесува 12.8 милијарди долари, оперативна добивка од 2.7 милијарди долари, нето добивка од 2 милијарди долари и заработувачка по акција од 0.39 долари.
Интел заработил околу 4.7 милијарди долари готовина од работењето, платени дивиденди од 1.1 милијарди долари и искористила 550 милиони повторно да откупи 23 милиони акции.
„Во втората четвртина, го испорачавме нашиот квартален преглед и направивме неколку соопштенија за клучни продукти. Во првите два месеци како генерален директор, слушнав многу различни мислења за Интел и нашата индустрија, како од потрошувачите, така и од вработените и мојот лидерски тим и сум повеќе од сигурен во нашите можности како компанија“ - изјави генералниот директор на Интел Брајан Крзанич.
Слично
