Интел преминува во наредната фаза на зачувување податоци: Анализа во реално време!
Интел ја претстави новата линија процесори Intel® Xeon® E7 v2 со цел да им помогне на компаниите од најразлични дејности од малопродажба и здравствена нега до банкарство и транспорт, да ги претворат податоците во корисни информации.
Со помош на анализа компаниите ќе донесуваат одлуки кои ќе ги подобрат нивните резултати. Новите процесори содржат нови карактерстики за процесирање и анализа на големи и различни количини податоци за да се овозможи пристап до информации кои биле претходно недостапни.
„Организациите кои ги користат податоците за да го забрзаат увидот во истите што ќе им овозможи голема предност во оваа економска состојба,“ изјави Дајен Брајант, постар потпретседател и менаџер на Групацијата на Интел за центри за податоци. „Зголемените перформанси, меморијата и доверливоста на новата линија Интел Ксеон процесори ќе им овозможи на ИТ организациите да обезбедуваат анализа на големи количини податоци во реално време со што ќе се создаваат нови услуги и ќе се зголеми деловната ефикасност.“
„Big data“ нуди многу можности за голем број организации да растат преку создавање на рентабилни услуги преку користење на информациите кои ги добиваат. Оваа технологија се очекува да се зголемува за 27 отсто годишно и до 2017 година да достигне 32,4 милијарди долари. Двигател на развојот е големото количество податоци кои произлегуваат од поврзаните уреди. Инвестициите во технологии со врвни перформанси и решенија за анализа на податоци може да доведат до големи заштеди. На пример, ИТ организациите на Интел се очекува да заштедат и да го зголемат приходот за речили половина милјарда долари со употреба на аналитичките решенија до 2016 година.
Слично
