Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интел најавува зголемено присуство кај мобилните уреди

Интел најавува зголемено присуство кај мобилните уреди
Корпорацијата Интел денес објави нови производи, екосистем и дополнителни напори да се зголеми присуството на компанијата кај мобилните уреди и да се придонесе за побогати искуства со Intel Inside®. Една од најавите е нова двојадрена платформа Atom™ SoC ("Clover Trail+")  за смарт телефони и Android* таблети, и првото multimode-multiband LTE глобално решение кое ќе се испорача во првата половина на оваа година. Други информации се однесуваат на динамиката на “Bay Trail”, како и продолжената динамика на пазарите со платформата базирана на процесорот Intel® Atom™ Z2420. „Денешните најави само го збогатуваат портфолиото на Интел кое постојано расте преку дополнување на нови уреди кои се пласираат на најразлични сегменти од пазарот за мобилни уреди,“ изјави Херман Еул, потпретседател и генерален менаџер на групацијата на Интел „Мобилни и комуникации“. „За помалку од една година соработувавме со нашите потрошувачи со цел да ги донесеме смарт телефоните со Интел технологија во повеќе од 20 држави низ целиот свет. Исто така ќе го испорачаме водечкиот таблет со ниска потрошувачка кој работи на Windows* 8, и ќе го испорачаме до потрошувачите на водечки производители на опрема. Во иднина ќе ја надградиме оваа пракса и ќе соработуваме со нашите партнери во екосистемот, со најразлични опреативни системи со цел да ги испорачаме најдобрите мобилни производи и искуства за потрошувачите кои користат Intel Inside.“ Еве го прегледот на новостите од ИНТЕЛ

  • Интел ја пушта во продажба платформата со двојадрен Интел Атом процесор (досега позната како "Clover Trail+") која е наменета за пазари за перформанс и водечки смарт телефон и достигнува двојно подобар процесирачки перформанс и три пати подобри графички можности со долготрајна батерија. Производот за прв пат ќе се појави и кај Андроид таблетите.
  • Го откриваме најмалото и LTE multimode решение со најмала потрошувачка на енергија за глобален роаминг во една единица со можност за следење и подесување на антена. Во првата половина на 2013 година ќе започне испораката и на multimode моделите.
  • Продолжува динамиката на новите пазари со „Intel® Atom™ Z2420“ процесор, вклучувајќи нова соработка за смарт телефони со Etisalat* во Египет. Исто така ASUS* ќе дебитира со нов андроид таблет базиран на „Атом Z2420“ процесор.
  • Најавена е поддршка од водечки дизајнери за нова генерација „Атом“ четиријадрен систем на чип (“Bay Trail”), кој е закажан за сезоната на одмори во 2013 година.
  • Покрај мобилните уреди, продолжуваат и со таблети.
Слично

Поврзани вести