Интел лансира „Силвермонт“ микроархитектура со ниска потрошувачка и висок перформанс
Интел ја најавува новата Силвермонт микроархитектура која претставува нов дизајн од 22нанометарските три-портни системи на чип кои претставуваат значително подобрување во перформансот и енергетската ефикасност.
Микроархитектурата Силвермонт овозможува приближно три пати подобрен врвен перформанс или истиот перформанс со пет пати пониска потрошувачка за разлика од јадрото на Интел Атом процесорите. Силвермонт ќе послужи како основа за нови 22 нанометарски производи наменети за таблети, смарт-телефони, микросервери, мрежни инфраструктури и останати сегменти на пазарот вклучувајќи и лаптопи и производи за во возила. Технологијата е наменета за пазарот на смарт-телефони сé до центри за податоци кои имаат потреба од ниска потрошувачка. Силвермонт ќе биде основа за голем број инвентивни производи кои ќе се појават на пазарот кон крајот на годината и ќе се произведуваат со водечкиот производствен процес на 22 нанометарски три-портни системи на чип, кој значително го подобрува перформансот и ја зголемува енергетската ефикасност.
Слично
