Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интел инспирира креативност, учење и инвенција

Интел инспирира креативност, учење и инвенција
Претставена е првата Ардуино компатибилна развивачка плоча базирана на Интел; Донација за 1000 Универзитети ширум светот Извршниот директор на Интел Брајан Крзанич денес во Рим ја објави соработката со Ардуино, водечка open-source платформа во областа на образованието и креацијата. Крзанич ја објави и Galileo плочата, првиот продукт во новата фамилија на Ардуино компатибилни развивачки плочи базирани на Интел архитектура. Ардуино сетовите за развивање и програмирањето на софтверот се едноставни за користење за артисти, дизајнери и DIY (do it yourself) ентузијасти кои најчесто немаат техничка позадина за креирање на интерактивни објекти или околини. На развивањето на Галилео плочата, Интел и Ардуино заедницата ќе работат заедно на идни продукти што би подобриле перформанси и можности на технологијата на Интел во оваа растечка заедница. Исто така, како дел од проектот, Крзанич објави голема донација од 50.000 Галилео плочи за 1000 Универзитети ширум светот во следните 18 месеци. „Преку континуираните проекти за едукација, знаеме дека учењето „во пракса“ инспирира интерес за наука, технологија, инжинеринг и математика,“ изјави Крзанич. „Јас сум истражувач веќе долги години и имам пасија за многуте можности кои ги овозможува технологијата и што можеме да направиме со неа. Со нетрпение очекуваме продуктивна соработка со Ардуино со цел да се снабди оваа заедница со продукти на Интел што ќе ги поместат границите на нашата имагинација“. Денес, Интел соработува со 17 Универзитети на шест континенти за да развие наставна програма на новата Галилео плоча. Целта на овој проект во образованието е да се стави силата на Интел во рацете на што повеќе едукатори и студенти. Интел Галилео е првата во низата плочи компатибилни со Ардуино базирани на Интел архитектура дизајнирана за научни и едукациски заедници. Платформата е едноставна за користење за новите дизајнери и за оние кои сакаат своите дизајни да ги однесат на повисоко ниво. Интел Галилео е комбинација на перформансите на Интел и едноставноста за користење на Ардуино софтверот. Во плочата е вграден новиот Intel® Quark SoC X1000, првиот од линијата на продукти карактеризирани со мала потрошувачка на енергија и минимални димензии. Оваа технологија ќе ја прошири архитектурата на Интел во нови, брзорастечки области – од „ Internet of Things“ до технологија вметната во облека. Дизајниран во Ирска, Intel® Quark SoC X1000 е 32 битен, со единечно јадро, работи на брзини до 400MHz.  
Слично

Поврзани вести