Економија, финансии, бизнис

Контакт

Институтот за војна: Русија не успеа да ги постигне повеќето од своите главни цели во Украина

Институтот за војна: Русија не успеа да ги постигне повеќето од своите главни цели во Украина

Според Институтот за војна, Русија до 2024 може да биде многу поголема воена закана за соседите и НАТО. 

Кремљ сака да „спроведе решителна акција во следните шест месеци“ за да ја врати доминацијата во Украина по серијата неуспешни и успешни украински контраофанзиви.

„Русија не успеа да ги постигне повеќето од своите главни цели во Украина од почетокот на инвазијата во февруари минатата година. Руските сили не успеаја да го освојат Киев во првите денови од инвазијата, како и целиот регион Луганск и Доњецк. Украинските сили ослободија повеќе од 50 отсто од територијата што ја окупираше Русија од февруари, вклучувајќи го и Херсон, единствениот регионален главен град што Русија успеа да го заземе“, наведуваат од Институтот за војна. 

За новите преговори меѓу Москва и Киев, неопходен е договор на страните во однос на два правни аспекти – станува збор за признавање на резултатите од самоопределувањето на луѓето од поранешните украински територии и изготвување нови меѓународни прописи. Oва го објави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Разузнавачи тврдат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се спасил од 12 обиди за атентат. 

Граѓани од Србија се приклучија да се борат во Украина на руската страна. 

Слично

Поврзани вести