Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНОВАТИВНИ КИНЕЗИ: Ако поминете на црвено како пешак, ќе добиете млаз вода

ИНОВАТИВНИ КИНЕЗИ: Ако поминете на црвено како пешак, ќе добиете млаз вода

Локалните власти на градот Даје во кинеската провинција Хубеј смислиле начин како да ја подигнат свеста и да ги спречат пешаците да поминуваат на црвено светло. Доколку не почекаат да се запали зелено светло ги прскаат со вода.
Полицијата одобрила инсталирање на пет жолти столбови на секое пешачко острово на најпрометната раскрсница.

 Столбовите се опремени со неколку методи за спречување на пешаците да поминат на црвено.

Чајна дејли пренесува дека столбовите се опремени со звучен систем кој ги информира пешаците кога треба да ја поминат улицата.

„Светлото сега е зелено. Ве молиме поминете ја брзо улицата и внимавајте на својата безбедност“. 

Другата порака на пешаците им вели да не тргнуваат да поминуваат прерано: „Ве молиме да не поминувате. Ќе бидете испрскани со вода“. 

За оние кои не го почитуваат предупредувањето, заканата ќе биде исполнета. Сензорите за движење го регистрираат пешаците кои ја поминуваат улицата пред да се запали зеленото светло и тие се прскаат со вода.

Слично

Поврзани вести