Инфлацијата во еврозоната останува без промена и во август
Годишната инфлација во еврозоната останува непроменета во август во однос на јули - во износ од 0,2%, покажуваат прелиминарните проценки на европската статистичка служба Евростат.
Податоците не се конечни и официјалната информација ќе биде претставена на 16 септември, дополнуваат од статистиката. Тогаш ќе има информации и за движењето на потрошувачките цени во целата Европска унија (ЕУ).
Влијание врз индексот на потрошувачките цени во август имаат цените на храната, алкохолот и цигарите (раст од 1,2% во однос на 0,9% во јули), како и на услугите кои поскапеле исто со 1,2%.
Во исто време, сепак, енергијата поевтинила со 7,1% во август. Статистиката покажува зајакнување на притисокот на енергетските цени - во јули исто така, имаше пад, но во рамките на 5,6%.
Во август ситуацијата на нафтените пазари беше многу динамична и цената на американската лесна сурова нафта падна за кратко под 40 долари за барели, а брентот се тргуваше по цена од околу 40 долари .
Во последните денови сепак работите се стабилизираат и кон крајот на минатата недела суровината го забележа својот најголем дводневен пораст од години наназад.
