Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфлацијата во еврозоната 2,2%

Инфлацијата во еврозоната 2,2%
Инфлацијата во 17-те земји од еврозоната oстанува стабилна, на ниво на 2,2% во декември 2012 година, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат. Според Евростат цените на енергијата имале најголемо влијание врз инфлацијата . Тие се зголемиле за 5,2% во последниот месец од минатата година, по растот од 5,7%  во ноември. Така, инфлацијата во монетарната унија останува две последователни години над прагот од 2% кој беше поставен од Европската централна банка, иако последните економски случувања зборуваат за намалување на ценовниот притисок.
Слично

Поврзани вести