Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфлацијата во Унгарија на најниско ниво од 1974 година

Инфлацијата во Унгарија на најниско ниво од 1974 година
Во август, годишната стапка на инфлација во Унгарија значително се намали на 1,3 проценти, за разлика од 1,8 проценти кои беа забележани во јули, што е најниското ниво од јуни 1974 година. За ова најмногу придонеле ниските цени на комуналните услуги, гасот и струјата, соопшти унгарската канцеларија за статистика, пренесува Франс прес. Од јануари, унгарската влада ги принуди дистрибутерите на енергија да ги намалат малопродажните цени на гасот, струјата и греењето за десет проценти. Изненадувачкиот пад на инфлацијата, според аналитичарите, би можел да ја охрабри централната банка да продолжи со намалувањето на референтната каматна стапка.
Слично

Поврзани вести