ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА Е НЕВЕРОЈАТНИ 78 ОСТО! Новите податоци ги уриваат сите рекорди, лирата постојано паѓа, а потрошувачките и производствените цени растат
Годишната инфлација во Турција во јуни достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година. Ова го објави Националното биро за статистика на Анкара, каде беше посочено дека цената на стоките за широка потрошувачка пораснала за 4,95 отсто. Претходниот месец стапката на инфлација беше околу 74 отсто.
Податоците покажуваат дека транспортот и намирниците особено пораснаа значително во јуни на годишна основа. Трошоците за производство, исто така, продолжија да растат.
- Според податоците на Заводот за статистика, цените што ги добиваат производителите за својата стока во јуни се зголемени за околу 138 отсто во споредба со цените пред една година! Во однос на претходниот месец, има зголемување за околу 6,8 отсто. Производните цени обично течат со временско задоцнување и делумно се вклучени во потрошувачките цени - се наведува во соопштението.
Опозицијата ја обвинува владата дека ги крие бројките за инфлација и претпоставува значително повисока стапка.
Како што пишуваат тамошните медиуми, стапката на инфлација во Турција е поттикната од неколку фактори, како штос е се: слабата национална валута, лирата, која доведе до значителни зголемувања на цените, бидејќи стоките увезени во Турција стануваат поскапи како резултат на тоа.
Според многу економисти, пишува „Блиц.рс“ турската централна банка не се бори доволно решително со високата инфлација. Всушност, монетарните чувари ја олабавија својата монетарна политика од минатото лето. Според сегашната економска теорија, зголемувањето на каматните стапки може да се спротивстави на инфлацијата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација. Централната банка ја следи линијата на Ердоган и досега се воздржуваше од зголемување на каматните стапки. Од јануари досега ги задржа каматните стапки на 14 отсто.
