Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфлацијата во Русија за 15 пати повисока од европскиот просек

Инфлацијата во Русија за 15 пати повисока од европскиот просек

Петнаесет пати повисока од европскиот просек е инфлацијата во Русија во првите седум месеци од 2013 година и се искачи на 4,4 отсто во споредба со 0,3 проценти од европскиот просек.

Инфлацијата може да продолжи да расте поради штетата што ја предизвикаа големите поплави во источниот дел на земјата. Според некои проценки, Источна Русија ги загубила речиси половина од приносите што ќе ја чини државата најмалку 300 милиони долари.

Уништување на посевите е една од причините зошто Русија и во 2012 година имаше висока инфлација од 6,6 проценти.

Централната банка на Русија, како мерка за намалување на инфлацијата ја одржа својата референтната каматна стапка на 8,25 отсто за 11 месеци по ред.

Во Европа од друга страна пак цените продолжија да паѓаат, а само во јули се намалија за во просек од 0,4 проценти. Италија има најдлабока дефлација од 1,8 отсто, по 1,6 Грција, Белгија, Шпанија, Кипар и Луксембург на околу 1,2 отсто, објави „Економски.мк“.

Слично

Поврзани вести