Инфлацијата во Канада порасна на 1,3% во јули
Инфлацијата во Канада, во јули, се зголемила за 1,3%, покажуваат податоците на националната статистика на земјата. На годишна основа, потрошувачките цени во Канада се зголемиле за 1,3%, а вредноста останала под проценката на Централната банка на земјата, објавува Блумберг.
Инфлацијата во јули, во однос на јуни, се зголемила за 0,1%.
Цената на горивата се зголемиле за 6,1% на годишна основа. За споредба, во јуни зголемувањето е 4,6%. Индиректните трошоци се зголемиле за 1,3%, а облеката и обувките за 1,5%.
Управителот на Канадската централна банка, Стивен Полоз, објасни дека земјата, која е 11-та најголема економија во светот, постепено се опоравува од глобалната рецесија.
Централната банка прогнозира дека инфлацијата ќе остане под 2% до 2015 година.
Слично
