Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриите со најголемa потенцијална примена на дронови (инфографик)

Индустриите со најголемa потенцијална примена на дронови (инфографик)

Во последните години дроновите го привлекоа вниманието на сите, откако беше користена во безброј конфликти во целиот свет. Иако беспилотните летала (unmanned aerial vehicles, или UAV) се докажуваат како исклучително успешни во воените дејствија во последниве децении, тие имаат и огромен трговски потенцијал, коментира Форбс. Компаниите допрва почнуваат да ги откриваат множеството придобивки од дроновите, експериментирајќи со сè од прскање на житни култури до испорака на пици.

UAV технологијата направи огромни чекори во последниве години, како и регулациите и поддршката на инвеститорите, што ги прави далеку полесни за употреба со комерцијални цели. Ревизорската компанија PwC изготвува анализа за трошоците за работната сила и услугите на комерцијалните пазари, кои можат да бидат заменети со користење на дронови. Анализата покажува дека вредноста на решенијата, вклучувајќи и на дроновите, би можела да достигне неверојатни 127 милијарди долари за индустриите во светот во 2015 година.

Инфраструктурата има најдобри изгледи за внесување на дроновите, а вкупната вредност ќе биде над 45 милијарди долари. Пилотираните летала веќе се користат сериозно во земјоделството за прскање на житни култури, па затоа не е чудно што овој сектор исто така има финансиски потенцијал од 32 милијарди долари. Вкупната вредност на овој сектор е 13 милијарди долари, посочува PwC.



Слично

Поврзани вести