Индискиот сој се пренесува 60 отсто побрзо од британскиот, вели епидемиолог
Британски епидемиолог Нил Фергусон вели дека индискиот сој на коронавирус се пренесува 60 отсто побрзо од британскиот. Засега, не е јасно колку добро вакцината штити од индискиот сој, додава експертот.
Тој објасни дека следната зима, третиот бран од пандемијата може да се совпадне со вториот бран во Велика Британија. Вели дека сето ова може да биде многу загрижувачко и дека има голема неизвесност.
Министерот за здравство на Велика Британија Мет Хенкок во понеделникот предупреди дека овој сој е 40 отсто позаразен од британскиот.
Индискиот сој брзо се шири и во Белгија. И во Македонија е окриен овој сој и тоа кај маж кој бил во Ирак.
Слично
