Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индискиот сој на коронавирусот е откриен во над 70 земји

Индискиот сој на коронавирусот е откриен во над 70 земји

Индискиот сој на коронавирусот засега е потврден во над 70 земји. 

Овој сој го има во 74 земји и продолжува да се шири брзо.  Епидемиите на оваа варијанта на вирусот се потврдени во Кина, САД, Африка, Скандинавија и други држави. 

Во САД случаите со варијантата Делта се удвојуваат приближно на секои две недели и сочинуваат 10 отсто од сите нови случаи, а во Велика Британија индискиот сој го има во повеќе од 90 отсто од новите случаи.

Ашиш Џа, декан на училиштето за јавно здравје на Универзитетот Браун во САД, минатата недела објасни дека варијантата Делта е „најзаразната варијанта што сме ја виделе досега“. Индискиот сој може да биде доминантен во светот.  Тој брзо  и лесно се шири и создава сериозни здравствени проблеми. Индија, Бразил, САД се меѓу најпогодените земји во светот од коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести