Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индискиот сој „коси“ во Лисабон

Индискиот сој „коси“ во Лисабон

Делта сојот на коронавирусот e присутен кај 60 отсто од новозаразените во затворениот Лисабон. 

Во текот на викендот на сила се епидемиолошките мерки за целосно „затворање“, повеќе од 60 отсто од новите зарази со коронавирусот се предизвикани од делта варијантата. Ова го покажаа резултатите од истражувањето кое во неделата го објавија тиражниот дневен весник Publico и другите медиуми во земјата.

Неодамнешниот скок на инфекциите се случува еден месец откако Португалија, чиишто приходи силно зависат од туризмот, ги отвори своите граници за гости од Европската унија и од Велика Британија.

По податоците од истражувањето коешто го спровел Националниот институт за здравје (INSA), Лисабон е затворен на два ипол дена, затоа што тамошните власти се загрижени поради скокот на бројот на новозаразените.

Овој сој веќе го има во повеќе од 80 земји. 

Слично

Поврзани вести