Индискиот сој го има во повеќе од 80 земји
Индискиот сој на коронавирус досега е потврден во повеќе од 80 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија.
Индискиот, или Делта сојот е многу пренослив и се смета дека е од 40 до 90 отсто позаразен од претходните соеви на коронавирусот. Студиите покажуваат дека индискиот сој ги напаѓа и помладите. Според истражувањата, кај овој сој и симптомите се поразлични, а најчести се главоболка, болка во грлото, течење од носот и треска, а инфицираните имаат повеќе шанси да завршат во болница со потешка клиничка слика.
foto freepik
Слично
