Индискиот бизнисмен Субрата Рој не е повеќе во затвор
Контроверзниот индиски бизнисмен, Субрата Рој, кој македонската Влада го донесе како инвеститор, повторно е во центарот на вниманието на индиските медиуми.
Toj по повеќе од две години минати зад решетки, излезе од затворот Тихар, јави Телма.
Првичната четиринеделна условна слобода е продолжена до 11 јули, до кога Рој треба да обезбеди кауција во висина од околу 30 милиони американски долари.
Според пишувањата на индиските медиуми, Субрата Рој нема да се врати во затвор со оглед на тоа што сумата за кауција е значително намалена од првичените над 880 милиони долари и не претставува проблем за човек со неговата финансиска моќ.
Врховниот суд привремено го ослободи за да присуствува на погребот на неговата мајка.
Рој требаше да гради туристички комплекс на крајбрежјето на Охридско Езеро, но потоа се откри дека се бара за малверзации и долгови во неговата земја.
