Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индиски гуру осуден за силување на малолетно девојче

Индиски гуру осуден за силување на малолетно девојче


Индиски духовен гуру кој тврди дека има милиони следбеници низ целиот свет, е прогласен за виновен за силување.

 Судот во северниот град Џодхпур пресуди дека Асарам Бапу во 2013 во неговиот ашрам силувал 16-годишно девојче. 

Тој вели дека ќе поднесе жалба против пресудата во повисокиот суд.

 Гуру има 77 години и 400 ашрами ширум светот каде што предава медитација и јога. Нему, исто така, му се суди и за друг случај на силување во државата Гуџарат.

извор: BBC


Слично

Поврзани вести