Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индијците прават медицински кислород дома, но тоа е опасно

Индијците прават медицински кислород  дома, но тоа е опасно

Очајните Индијци прават медицински кислород во домашни услови, a експертите велат дека тоа се погубни методи. 

Лекарите и научниците предупредуваат за смртоносната опасност во обидите за производство на медицински кислород дома. Тарун Батнагар, научник од ICMR-Националниот институт за епидемиологија во градот Ченај, објасни дека обидите за „домашен“ кислород се базираат на недокажани методи и истакна дека ваквиот пристап може да биде штетен затоа што може да доведе до одложувања во барањето на соодветна здравствена заштита. Претходно, на социјалните мрежи се појавија разни видеа и совети за тоа. Податоците од „Гугл трендс“ покажуваат дека пребарувањата со фразата „како да се направи кислород дома“ достигнале врв на 25 април, кога се влоши кризата со вирусот. Во болниците нема доволно кислородот, а  нема ниту слободни места. 

Индија има  401.993 нови случаи со коронавирус. Земјата ја почна масовната иминизација за сите возрасни лица. Смртните случаи од Ковид-19 скокнале за 3.523 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број во Индија се искачи на 211.853. 

Foto: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY

Слично

Поврзани вести