Индија со далеку повеќе починати од корона од официјалниот број
Oфицијално 500.000 луѓе починаа од коронавирусот во Индија. Но, експертите велат дека има многу повеќе жртви.
Според нив, бројот на жртви е нецелосен поради неточни извештаи и неутврдени смртни случаи во оддалечените региони каде живеат многу ранливи луѓе.
Индија, која е четврта држава со најголема смртност во светот, забележа 400.000 починати од ковид до јули лани.
Чинмаи Тумбе, доцент на Индискиот институт за менаџмент во Ахмедабад вели дека три милиони луѓе умреле од коронавирус во Индија до средината на 2021 година.Во светот досега над 5.7 милиони луѓе починаа од коронавирусот.
foto EPA
Слично
