ИНДИЈА: Резервоарот за кислород протекувал при полнење, починаа 22 луѓе
Во Индија 22 пациенти починаа поради недостиг на медицински кислород, изјави владин советник.
Ова се случило во индиската држава Махараштра.
„Резервоарот за кислород протекуваше при полнење, што резултираше со смрт на 22 пациенти во ковид болницата“, рече Сураџ Мандари, службеник во областа Нашик во Махараштра.
Индија веќе неколку дена урива рекорди во бројот на заразени со вирусот Ковид-19, а вкупниот број регистрирани случаи надмина 15 милиони. Градот Њу Делхи е затворен на неколку дена.
Слично
