Индија ќе го поскапува данокот за најбогатите?
Индија треба сериозно да ги разгледа аргументите за воведување на повисоки даноци на најбогатите Индијаци, истакна министерот за финансии Па Чидамбарам, изјава која поттикна многу шпекулации во врска со чекорите што тој може да ги превземе за да го интензивира приливот на средства од даноците и намали фискалниот јаз.
На состанокот со претставници на министерството за финансии на 7-ми јануари дел од економистите инсистираа на повисоки даноци за богатите, што создаде немир кај бодатата бизнис заедница која предупреди дека со таквиот чекор ќе се намали растот во земјата.
Изјава на Индискиот министер за финансии, дојде во време кога на глобално ниво се разгледуваат аргументите дали богатите плаќаат доволно даноци на државите во кои живеат.
„Мислам дека треба да имаме стабилна даночна стапка, но ние треба и да го разгледаме фактот дека најбогатите мора да плаќаат малку повеќе во некои прилики, но ова не е гледиштето зад кое ја с стојам. Тоа е само аргумент кој го имам слушнато и го повторувам", се повлече Чидамбарам пред бизнисмените.
Највисока даночна стапка во Индија е 30 отсто, а се однесува на приходите од над еден милион рупии, или над 18.500 долари годишно. Во Индија, која има 1,2 милијарди жители, има само 35 милиони даночните обврзници, а од нив, околу 1,5 милиони пријавуваат годишни приходи од над еден милион рупии.
Слично
