Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДИЈА ОДБРОЈУВА, ЧАНДРАЈААН-3 ТРЕБА ДА СЛЕТА НА МЕСЕЧИНАТА ВО 14.34: Ќе биде ли победник во вселенската трка?

ИНДИЈА ОДБРОЈУВА, ЧАНДРАЈААН-3 ТРЕБА ДА СЛЕТА НА МЕСЕЧИНАТА ВО 14.34: Ќе биде ли победник во вселенската трка?

Индија ќе го направи својот втор обид денеска да слета на Месечината, мисија која се смета за клучна за истражувањето на овој наш природен сателит и статусот на земјата како вселенска сила, само неколку дена по падот на сличен руски лендер.

Вселенското летало Чандрајаан-3 на индиската организација за вселенски истражувања (ISRO) ќе се обиде да слета на јужниот пол на Месечината околу 18:04 часот по локално време (14:34 часот по средноевропско време), помалку од една недела откако руската мисија Луна-25 не успеа. .

Индиската мисија - Chandrayaan што на хинди и санскрит значи „месечево возило“- е втор ваков индиски обид.

Во 2019 година, мисијата Чандрајаан-2 на ИСРО успешно го распореди орбитерот, но неговиот лендер се урна.

Слетувањето на Јужниот пол (на Месечината) всушност ќе и овозможи на Индија да истражи дали има воден мраз на Месечината. Ова е многу важно за кумулативните податоци и науката за геологијата на Месечината, рече Карла Филотико, партнер и управен директор на консултантската фирма SpaceTec Partners.

Индиската јавност трескавично го очекува слетувањето, а медиумите го одбројуваат времето до слетувањето. Се одржуваат молитви во храмовите, џамиите и црквите во земјата, и се очекуваат проекции во живо на слетувањето.

Премиерот Нарендра Моди ќе го набљудува слетувањето од Јужна Африка, каде што присуствува на тековниот самит на БРИКС, објавија медиумите. Нерамниот терен го отежнува слетувањето на Јужниот пол, а првото слетување би било историско. Водениот мраз во тој дел на Месечината може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за идните мисии.

За Индија, успешно слетување на Месечината ќе го означи нејзиниот подем како вселенска сила, бидејќи владата на премиерот Нарендра Моди се обидува да ги зголеми инвестициите во приватни вселенски лансирања и сродни потфати.

Спектакуларни фотографии пред слетување


Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) во пресрет на слетувањето на Чандрајан-3 на површината на Месечината, објави серија фотографии направени од леталото за време на неговиот престој во орбитата.

Некои од фотографиите може да се погледнат во видео објавено на социјалните мрежи на организацијата

ФОТО: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY 

Слично

Поврзани вести