Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индија можеше да го избегне „црното сценарио“, но како?

Индија можеше да го избегне „црното сценарио“, но како?

Научниците сметаат дека можеше да се избегне „црното сценарио“ кое сега се случува во Индија. Индиски научници на почетокот на март ги предупредиле властите за појавата на новиот сој. 

Четворица научници објаснуваат дека сојузната Влада не се обидела да воведе нови ограничувања за да се сопре ширењето на коронавирусот. Потоа, милиони луѓе присуствувале на големи фестивали и политички собири ширум државата.

Само во текот на последните 24 часа во земјата се регистрирани 401,993 нови случаи на коронавирус, а како последица на вирусот починаа 3,523 лица. Се смета  дека реалните бројки се далеку поголеми бидејќи не се води точна евиденција во сите краеви на државата.  Земјата се соочува со акутен недостиг на медицински кислород и болнички кревети, бидејќи разорниот втор бран на вирусот влијае на нејзиниот здравствен систем.

Досега се дадени околу 150 милиони вакцини, што е 11,5 проценти од 1,3 милијарди жители во Индија.

Индискиот сој на коронавирусот го има во најмалку 17 земји ширум светот, вклучувајќи ја Велика Британија, Швајцарија и Иран. Веќе е потврден во Франција, но и во Романија. Првиот случај во Франција е забележан кај жена која патувала во Индија и живее на југозападот од Франција. Откако пред неколку дена беше докажано присуството на индискиот вид на коронавирусот во Швајцарија, денеска во Салцбург беше објавено дека постои сомневање дека овој сој преминал и во Австрија. 

Освен во Индија, лоша е состојбата и во Непал. 

Слично

Поврзани вести