Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДИЈА КРАХИРА: Земјата има најмалку 20 милиони заразени со коронавирусот

ИНДИЈА КРАХИРА: Земјата има најмалку 20 милиони заразени со коронавирусот

Индија крахира поради ковид -19. Во земјата има повеќе од 20 милиони заразени со коронавирусот. 

Во последните 24 часа се забележани 357.229 новозаразени со вирусот. Вчера во Индија имало 3.449 починати, а вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата е 222.408 лица. Земјата со 1,3 милијарди жители е погодена од вториот бран на пандемијата, а од крајот на март досега се регистрирани осум милиони новозаразени. Кризата се должи на повеќе фактори меѓу кои се олеснувањето на ковид мерките во последните 2 месеци, недоволни залихи на кислород  и недостиг на вакцини. Се смета дека многу од ковид случаите воопшто не се регистрирани.  Иако Индија го има „Институтот за серуми на Индија“, најголемиот производител на вакцини во светот, само 2 отсто од 1.3 милијарди жители се вакцинирани досега. Одделот за одбрана на САД информираше дека се испратени два авиони со опрема за справување со ковид-19, а дека за утре се планираат уште два авиони.

Слично

Поврзани вести