Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индија ќе почне со онлајн снабдување на вода од реката Ганг

Индија ќе почне со онлајн снабдување на вода од реката Ганг

Индиската влада ја разгледува можноста за испорака по пошта на вода од светата за Хиндусите реката Ганг, соопшти министерот за комуникации, Рави Шанкар Прасад.

"Побарав поштите да користат онлајн маркетинг за испорака на вода од реката Ганг"- рече министерот.

Тој откри дека добил бројни молби за испорака по пошта на вода од реката. Индија се стреми активно да ја развива онлајн трговијата и во моментов секој ден се вршат 75 000 нарачки на овој начин.

Хиндуистичките верници доаѓаат во реката Ганг за да го практикуваат ритуалното капење за кое веруваат дека ги прочистува од гревови.

Слично

Поврзани вести