Индија ја одобри првата ДНК вакцина против коронавирусот
Индија ја одобри првата ДНК вакцина против коронавирусот во светот.
Индискиот регулатор за лекови ја одобри првата во светот ДНК вакцина против Ковид-19 за итна употреба, пренесува Би-Би-Си. ЗиКов-Д вакцина, која се дава во три дози, спречува симптоматско заболување кај 66 отсто од вакцинираните. Ова го покажаа студиите кои ги објавија производителите на вакцината Кадила Хелткер.
Компанијата планира годишно да произведува 120 милиони дози на вакцина. Во Индија засега се вакцинирани преку 570 милиони жители. Досега околу 13 отсто од возрасните се целосно вакцинирани, а 47 отсто примиле барем една доза вакцина од почетокот на кампањата за вакцинација во јануари 2021 година. Индија е една од најпогодените земји од вирусот.
Вакцина/Фото: Unsplash