Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДИЈА: Излечените од коронавирусот се почесто се соочуваат со опасна габична инфекција

ИНДИЈА: Излечените од коронавирусот се почесто се соочуваат со опасна габична инфекција

Опасна габична инфекција ги напаѓа излечените од коронавирусот во Индија. 

Расте бројот на габични инфекциии на мукормикоза, која ги напаѓа оние кои се опоравуваат или се опоравиле од вирусот.  Болеста се јавува кај луѓе со ослабен имунитет или кај оние кои имаат дијабетес, хронична употреба на кортикостероиди, имаат метаболна ацидоза или имаат трансплантирани органи. Ги напаѓа синусите, очите, мозокот и белите дробови и може да биде фатална за дијабетичарите или оние со канцер. 

Бројот на луѓе кои се заразени од ковид-19 во Индија опадна денес во споредба со неделата. Регистрирани се 366.161 нов случај на коронавирус, а починале уште 3.754 пациенти. Индија во претходните четири дена имаше повеќе од 400.000 заболени дневно.

Слично

Поврзани вести