Индија го укина автономниот статус на Кашмир, а веста го „запали“ Пакистан
Протести има низ Пакистан, а владата ја осуди одлуката на Њу Делхи со која се укинува автономниот статус на Кашмир.
Во Пакистан се одржуваат протести откако владата соопшти дека најостро ги осудува уставните измени на Индија за регионот Кашмир, пренесе Ројтерс.
Во Музафарабад, главниот град на пакистански Кашмир, на околу 45 км од спорната граница со Индија, десетици демонстранти со црни знамиња протестираа палејќи автомобилски гуми.
Протестите избувнаа по одлуката на индиската влада за укинување на уставната автономија на Кашмир, кој делумно му припаѓа на Пакистан. Оваа одлука на Индија не била очекувана.
На официјалниот профил на владата на Пакистан на Твитер се вели дека „Индија ги ‘погоди’ основните човекови права на граѓаните на Кашмир со повлекување на членот 370”.
Индија го укина автономниот статус на Кашмир, а владата во Њу Делхи објасни дека се одлучила на ваков чекор поради безбедносни причини. Индиските власти веќе почнале со префрлање на 8.000 војници во регионот кои треба да бидат надполнување на 35 000 припадници на армијата кои веќе се наоѓаат таму.
Индиската полиција синоќа ги уапси сите позначајни лидери на регионалните партии, меѓу кои поранешниот главен министер на оваа држава како и лидерот на опозицијата.
