Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индиец купил златна маица од 250.000 долари изработена од три килограми злато

Индиец купил златна маица од 250.000 долари изработена од три килограми злато
Купувачот е Datta Phuge познат како „златниот човек‘‘. Неговите прсти, рацете и вратот се  украсени со злато, така да оваа маица e   важен дадаток на неговиот стил. „Луѓето ме прашуваат зошто носам толку многу злато, но тоа е мојот сон. Луѓето имаат различни аспирации. Некои сакаат Ауди, некои Мерцедес. Јас го одбрав златотo‘‘-изјавил за Би-Би-Си. Златарот, креаторот на оваа маица Tejpal Rankar инспирацијата ја нашол во златните оклопи кои ги носеле древните индиски кралеви.   Phuge вели дека се чувствува многу убаво кoга ја носи оваа маица која е доказ за неговиот статус и достигнување во животот. Тој потекнува од сиромашно семејство, а своето богатство го стекнал со продажба на недвижности и давање заем во градот Pimpri Chincwad. Следно во листата на златни предмети се мобилен телефон и чевли.Тој вели дека ако пазарот пропадне, златните предмети може секогаш да ги продаде.
Слично

Поврзани вести