Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Индепендент” за последен пат во печатено издание

„Индепендент” за последен пат во печатено издание

Згасна британскиот „Индепендент”, а од денеска ќе го има само во онлајн форма. По триесет години, весникот денеска го објави своето последно печатено издание.

- Денес печатењето престана со работа, мастилото е суво и хартијата нема повеќе да се тутка, но со оглед на тоа што едно поглавје се затвора, друго се отвора и духот на „Индипендент“ се уште ќе биде присутен - се наведува во уредничкиот прилог.

На последната насловна страница, сосема празна, со големи црвени букви е напишано „СТОП ПРЕС“, проследено со зборовите „Сè на темава прочитајте во ова, последно издание - 1986-2016“.

britain-media-internet-independent-517592766-56f6b38995fb0  

Индипендент е создаден во октомври 1986 година, национален дневник со најмала продажба во Велика Британија, далеку под таблоидите како Сан и Дејли мејл и големите весници како Тајм, Гардијан и Дејли телеграф.

   
Слично

Поврзани вести