Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инцидент или стабилизација – се подобрува продажбата на автомобили во Европа

Инцидент или стабилизација – се подобрува продажбата на автомобили во Европа
Расте бројот на продадени автомобили во Европската Унија во јули, објави германската автомобилската федерација VDA. Според податоците со кои располага, во јули се продадени 4,9%  повеќе возила од истиот месец од лани или вкупно 981.300 нови автомобили. Ова е втор раст на пазарот на автомобили во Европа годинава, а се должи главно на резултатите во западниот регион, посочуваат од  VDA од каде се надеваат дека разнишаниот пазар на 27-те членки на Унијата, ќе се стабилизира. „Позитивнот резултати во месец јули е добар почеток на стабилизацијата која ја очекуваме втората половина на годината. Првите знаци на економско заздравување во западна Европа се рефлектираат врз растот на побарувачката за автомобили", вели  Матијас Визман,  претседателот  на VDA. Податоците на VDA покажале дека на годишно ниво продажбата на автомобили во Европа најниска во последниве 20 години, а пазарот е можно да забележи намалување четврта година по ред.
Слично

Поврзани вести