Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инцидент во Лувр – Мона Лиза гаѓана со торта

Инцидент во Лувр – Мона Лиза гаѓана со торта

Млад човек кој се преправил во жена со попреченост, ја удрил сликата Мона Лиза со торта. Инцидентот се случил во Лувр, кога млад активист фрлил торта на Мона Лиза, слика насликана од Леонардо да Винчи, пренесува Телеграф,рс.

Според агенцијата ТАСС, настанот се случил вчера. Младиот човек се преправил во жена со инвалидитет во инвалидска количка, а на сликата и пришол со помош на специјален премин (што е возможно за лица со инвалидски колички).

Успеал во намерата, иако реагирало и обезбедувањето, но сликата била заштитена со армирано стакло.

- Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Уметници, ви велам. Помислете на Земјата. Затоа го направив ова. Помислете на планетата - изјави активистот на видеото на Твитер.

Лувр не го коментираше инцидентот, а медиумите објавија  дека вработените во музејот го измиле стаклото и дека сликата не е оштетена. 

Фото: Твитер

Слично

Поврзани вести