Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ СО НОЖ ВО ВАТИКАН: Повреден е еден полицаец

ИНЦИДЕНТ СО НОЖ ВО ВАТИКАН: Повреден е еден полицаец

Човек кој носел нож е уапсен денеска за време на рутинска проверка на луѓе кои оделе кон плоштадот Свети Петар во Ватикан, на денот кога Папата го одржа своето неделно обраќање пред верниците, изјави портпаролот на полицијата.

Рече дека мажот е 51-годишен Италијанец кој утринава бил запрен на контролен пункт на Виа дела Концилијазионе, патот што води до базиликата Свети Петар во Ватикан.

При разоружувањето на мажот, дошло до судир во кој еден полицаец бил полесно повреден, соопшти полицијата, додавајќи дека нема докази кои укажуваат на тоа дека човекот го носел ножот за цели поврзани со тероризам, а тој е уапсен под обвинение за напад и напад и давање отпор на полицијата..

Новинската агенција Анса објави дека уапсениот страдал од ментално растројство.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести